Националниот џез оркестар доаѓа во Битола со концертната програма „Македонски сновиденија“ – моќна и енергична фузија на македонскиот фолклор и современиот џез.
Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, македонската традиција ќе добие нов, современ музички израз, преку нови аранжмани на народни песни и оригинални композиции инспирирани од македонскиот фолклор.
Програмата веќе ја освои европската публика, со настапи во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, вклучително и престижниот BOZAR во Брисел.
Сега „Македонски сновиденија“ пристигнуваат во Битола. 

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.
