You are currently viewing Кино Кабаре Битола 2018: Проекција на кратки филмови KinoBit Kino Cell

Кино Кабаре Битола 2018: Проекција на кратки филмови KinoBit Kino Cell

На 5 октомври 2018 година почнува првото Кино Кабаре во Битола. Овој настан е првата активност на КиноБит ќелијата (клетката) која со овој настан и официјално станува дел од светското Кино движење (Kino movement) кое започна во Монтреал, Канада, во 1999 година. Концептот на ова Движење е изработка на кратки филмови во краток временски период (48-72 часа) без никакви или со малку ресурси.

КиноБит ќе има специјална мисија – да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија. Првото Кино Кабаре Битола ќе се реализира во период од два последователни викенди.

  •  Програмата за првиот викенд (5-6-7 октомври) ќе се фокусира на запознавање на учесниците и формирање на тимови, како и работилници со стручни лица за техничките аспекти на филмот и за промовирање на човековите права преку визуелните уметности. Овие активности ќе се реализираат во КРЕДО Центарот на Правниот факултет во Битола.
  •  За време на вториот викенд (12-13-14 октомври) учесниците ќе се соберат на тридневен настан за време на кој ќе работат заедно за да подготват, произведат и прикажат кратки филмови. Прикажувањето на филмовите е најавено за 14 октомври во 18 часот во Малата сала на Центар за култура Битола.
  • Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола го организира Кино Кабаре Битола 2018 во партнерство со граѓанските организации СФЕРА и Центар за европски развој и интеграција (ЦЕРИ), а со поддршка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и НУ Центар за култура-Битола.