You are currently viewing MusicLand

MusicLand

На 14.08.2024 година во Центар за култура, Битола со почеток од 19 часот ќе се одржи 24-тото издание на Интернационалниот музички фестивал MusicLand. Веќе неколку години со ред овој фестивал носи изведувачи од цел свет на едно место – во нашата Битола.

Фестивалот се состои од натпреварувачки дел и гала вечер. На гала вечерта, која ќе се одржи на 14.08.2024 година, публиката ќе има можност да ги слушни најдобро рангираните како изведуваат песни од музика, филм, кабаре и мјузикл, и поп песни во придружба на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect.

Билетите за настанот се пуштени во продажба на следниот линк https://www.yournextevent.info/event.php?id=50 и на билетара на Центар за култура Битола по цена од 400 денари