You are currently viewing THE QUARTET

THE QUARTET


На втората фестивалска вечер на Фестивалот на музика од светот, 17.11.2018 со почеток во 20:00 во Ну Народен театар ќе се настапат THE QUARTET.

Џез квартетот The Quartet е камерен состав кој што од формирањето во април 2017 година воодушевува со својата музичка зрелост, квалитет и огромен ентузијазам.

Веќе докажаните музичари Марија Јакимовска – флејта, Билјана Петровска – пијано, Динко Стипаничев – контрабас и Гоце Стевковски – тапани го создадоа овој состав со желба за интерпретација на музички дела кои се спој помеѓу класичната и џез музиката.

Во рамките на Фестивалот на музика од светот ќе се претстават со концерт под наслов: “Classical Jazz Concert – Suite for flute and jazz piano” од Клод Болинг (Claude Bolling).

Свитата за класична флејта и џез пијано трио (пијано, контрабас и тапани) е напишана од џез пијанистот Клод Болинг во 1973 година и е посветена на познатиот флејтист Жан Пјер Рампал.

Концертот е одличен спој на класичната и џез музиката.

Цена: 150 денари