You are currently viewing ицето како огледало во фантазијата

ицето како огледало во фантазијата

Ве покануваме на отворањето на изложбата која ќе се одржи во Центар за култура – Битола (Горно фоаје), на 13ти Мај(Среда) во 19:00 часот, на учениците од Гимназијата СОУ “Јосип Броз Тито” – Битола, Никола Ќурчиевски и Бојана Стефановска под менторство на професорот по ликовна уметност Александар М.Поповски.
Изложбата уште еднаш ни покажува колку талентирани млади лица има во Битола, оваа изложба е спој на модерната уметност позната како дигитална со традиционалните практики и уметности.
Темата на изложбата “Лицето како огледало во фантазијата”е инспирирано од големиот број на портрети што можите да ги видите во секојдневниот живот, во фантазијата и на самата изложба.
Го очекуваме вашето присуство да му помогнеме на младите уметници да си го остварат сонот како што можеа досега со секоја линија на секој нивни цртеж да ги носи еден чекор поблиску до нивните соништа.