You are currently viewing ДЕТСКА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „НАРОДНАТА КУЛТУРА – ТРАЈНА ИНСПИРАЦИЈА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО“

ДЕТСКА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „НАРОДНАТА КУЛТУРА – ТРАЈНА ИНСПИРАЦИЈА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО“

НУ Центар за култура Битола ве поканува на :
ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД ОСМАТА ПО РЕД ДЕТСКА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА „НАРОДНАТА КУЛТУРА – ТРАЈНА ИНСПИРАЦИЈА ВО МОЕТО ТВОРЕШТВО“
Фоаје на НУ Центар за култура – Битола од 26 октомври до 2 ноември 2022 година
Изложбата содржи детски ликовни творби изработени за време Осмата по ред Детска ликовна работилница „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ која се реализира на 20, 21, 22 и 25 јули 2022 година во Битола.
Во рамките на работилницата беа реализирани предавања на тема: народните
инструменти и музичката традиција преставена во музејска поставка, како и
практичните работилници на тема:
– обликување со гипс во подрачјето вајање, сликање со темпера врз гипс, како
и дизајнирање на производ инспириран од народното творештво;
– колективна – тимска работа на тема народна култура и фолклор на платно во
поголем формат;
– апликативно сликање на приврзоци од полимерна глина на тема народна
култура и фолклор.
Предавачи и инструктори беа д-р Мери Стојанова – етнолог, Весна Дунимагловска – ликовен педагог, Сандра Котевска – ликовен уметник и Анкица Стевановска – ликовен педагог.
Во работилницата зедоа учество 72 (седумдесет и два) учесници од кои 51 (педесет и еден) ученик и 21 (дваесет и еден) ликовни педагози, ментори и наставници од Битола, Новаци, Могила, Кукуречани, Бистрица и Неготино.
Организатор НУ Центар за култура – Битола, директор Маја Андоновска Илијевски, стручни соработници м-р Валентин Соклевски, Љупка Стефановска, координатор на учесници Вера Соклевска.
Работилницата е финансирана од Министерство за култура на РС Македонија.