Една исклучителна театарска вечер која ќе ви ги стопли срцата. Ве покануваме на претставата која ги слави малите нешта што го прават животот вреден за живеење!
Зошто да не ја пропуштите?
Претставата „Сите прекрасни нешта“, во режија на Нела Витошевиќ, е емотивно патување низ љубовта, загубата и надежта. Текстот на Ана Ристоска-Трпеноска (работен по мотиви од Данкан Мекмилан) на автентичен начин ја отвора важната тема за:
Менталното здравје и храброста да се зборува за него.
Семејните врски и моќта на сеќавањата.
Листата на прекрасни нешта која секој од нас треба да ја има.
„Ова е топла приказна која балансира помеѓу тешките моменти и надежта што не води секогаш напред.“
