You are currently viewing САМ ПРОТИВ СИТЕ

САМ ПРОТИВ СИТЕ

,,САМ ПРОТИВ СИТЕ”
07.12.2022 20:00ч ,мала сала , цена 200 денари
Современа драма
Автор на текстот е драматургот Огнен Неделковски.
Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младиот актер Димитриа Марковски.
 Темата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме… Целта на „САМ ПРОТИВ СИТЕ“  е да им помогне на сите луѓе да се погледнат во огледало, да се соочат со своите стравови и да се изборат за своето место под сонцето.
Анксиозноста и депресијата се најсериозни болести и најголеми непријатели на луѓето во 21-от век. Тие не бираат возраст, пол, вера или националност. Во секоја личност наоѓаат плодна почва и напаѓаат. Траат долго и полека, но сигурно ги уништуваат луѓето, праќајќи ги своите војници – разните видови страв.
Претставата „САМ ПРОТИВ СИТЕ“ има за цел да ги отвори сите прашања поврзани за анксиозноста и депресијата, кои со години се кријат под тепих и за кои луѓето не сакаат да зборуваат. Преку три индивидуални човечки приказни и судбини, авторите на овој проект ќе ги откријат дел од причините за појавување на анксиозноста, ќе понудат разни начини за соочување и борба со оваа болест и секој од нив ќе излезе како победник со својот невидлив непријател.