Детската креативност повторно ќе ја оживее македонската традиција!
На 20 мај 2026 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во НУ Центар за култура – Битола ќе биде отворена традиционалната Државна изложба на детски ликовни творби на тема:
„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“
Преку бои, мотиви и различни ликовни техники, ученици од основните училишта од целата држава ќе ја претстават својата визија за народната култура, фолклорот, обичаите и богатото македонско културно наследство.
Изложбата е вистински простор каде традицијата добива нов живот низ детската имагинација и уметнички израз.
Ве покануваме да бидете дел од оваа прекрасна културна манифестација и да ја поддржиме детската уметност и креативност.
20 мај 2026 (среда)
12:00 часот
