You are currently viewing Монографија и изложба по повод 40 години богато творештво на ликовниот уметник Драган Најденовски

Монографија и изложба по повод 40 години богато творештво на ликовниот уметник Драган Најденовски

Промоција на Монографија и изложба по повод 40 години богато творештво на ликовниот уметник Драган Најденовски, кој зад себе има богата биографија во областа на уметноста, како и преку 3000 ликовни дела.

📅 29.12. 2023 19:30ч.

ℹ️ Делата на Драган Најденовски претставуваат искрено видување на природата изразено низ интелктуални и сликарски капацитети. Неговиот предел е богат и моќен одраз на авторовата кративна моќ, со допирот на бојата да ја обликува сопствената магија. Со преобразба и трансформација, со ликовни решенија низ играта на бои , пределот добива душа.
Бдахнатата уметникова искра на испирација авторот ја разграничи во два циклуси поврзани со шепотот на музите, заштитнички на музиката , поезијата, љубовта , историјата, херојството, астрономијата, традицијата, комедијата и воопшто уметноста.
Најденовски своите дела ги распределил во два циклуси: „ Од ливадата на музите“ (каде се опфатени пределите) и „Од градината на музите“ (каде припаѓа мртвата природа)