You are currently viewing МАКЕДОНСКИ СНОВИДЕНИЈА

МАКЕДОНСКИ СНОВИДЕНИЈА

🎷 МАКЕДОНСКИ СНОВИДЕНИЈА во Битола!
Националниот џез оркестар доаѓа во Битола со концертната програма „Македонски сновиденија“ – моќна и енергична фузија на македонскиот фолклор и современиот џез.
Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, македонската традиција ќе добие нов, современ музички израз, преку нови аранжмани на народни песни и оригинални композиции инспирирани од македонскиот фолклор.
Програмата веќе ја освои европската публика, со настапи во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, вклучително и престижниот BOZAR во Брисел.
Сега „Македонски сновиденија“ пристигнуваат во Битола. 🇲🇰🎷
📅 16 август 2026
🕗 20:00 часот
📍 Платото пред Офицерски дом
Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.