You are currently viewing О ЉУБОВ ОД БИТОЛА” 2026

О ЉУБОВ ОД БИТОЛА” 2026

ОТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА” 2026 📸
Со задоволство ве покануваме на отворањето на 14-тата по ред изложба „Со Љубов од Битола” 2026, во четврток, 13 август, во 20:00 часот, во фоајето на НУ Центар за култура Битола.
Годинешниот конкурс, на тема „Битола во златниот час”, беше отворен во периодот од 01.07 до 31.07, а свои фотографии испратија 19 фотографи.
Стручното жири во состав Александар Јоначиќ, Горан Кузмановски и Диоген Хаџи-Коста Милевски направи внимателна селекција од која произлегоа 28 фотографии, кои ќе бидат дел од изложбата. На отворањето ќе бидат прогласени и наградени добитниците на првата, втората и третата награда за најдобра фотографија.
📍 Фоаје на НУ Центар за култура Битола
🗓️ 13 август – 26 август