Големиот фестивал слави 55 години 
ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ 2025
…и ова не е носталгија.
Ова е фолклор со иднина.
Затоа што ова се ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ, фестивалот што го носи светот ДОМА.
“Денес, за утре” е нашиот слоган за оваа година.
Тука сме… не за да повториме.
Туку да продолжиме. Да пренесеме.
Да создадеме ново од старото.
Ова е фолклор со иднина. Затоа што фолклорот не е само минато.
Тој е иднината што не заборава.
Дека денешното има смисла само ако зборува со утрешното.
55 години подоцна – фестивалот уште го поставува прашањето ширум светот на секој меридијан:
Кои сме, што носиме и зошто е важно тоа да го кажеме гласно?
Затоа сме ДЕНЕС тука, за УТРЕ
Битола, 18–31 јули
