Понекогаш музиката има многу поголема цел од сцената.
Овој пат, една важна и хумана иницијатива – хуманитарен концерт за опремување на инклузивна соба во ООУ „Климент Охридски“ Битола, во соработка со здружението „Невроразлични“.
Сите средства од продадените билети ќе бидат наменети за создавање простор кој ќе значи поддршка, разбирање и подобри услови за децата на кои тоа им е потребно.
Овој концерт е можност заедно да направиме нешто вистински важно.
За децата.
За училиштето.
За Битола.
За една поинклузивна заедница.
Цената на билетот е 500 денари.
Со секој купен билет, вие подарувате поддршка, внимание и подобри услови за децата.
Ве покануваме да бидете дел од оваа хумана приказна.
Да покажеме дека Битола знае да се обедини кога е најпотребно.
Билети во продажба на https://yournextevent.info/event.php?id=246 и во Тобако Димпо.
