Легендата оживува. За првпат во Битола.
Битола ќе биде домаќин на првиот оригинален македонски мјузикл, инспириран од животот и делото на неповторливиот Freddie Mercury, гласот, духот и бунтот што засекогаш ја променија музиката.
Ова е биографска музичко-сценска приказна за патот од соништата до легендата, за славата, љубовта, борбите и бесмртното наследство на фронтменот на Queen.
Мјузиклот е направен по сценарио на Димитар Захариевски, во режија на Бојан Стојков, а Владимир Димовски стои зад диригентската палка, продукцијата и оркестрациите, носејќи ја музиката на Queen во моќна оркестарска форма.
Актерска екипа:
• Бојан Стојков – Freddie Mercury
• Димитар Захариевски – Brian May
• Никола Пројчевски – John Deacon
• Никола Стефанов – Roger Taylor
• Теона Крстеска – Mary Austin
Исповед, концерт, театар и емоција во едно. Проект што ја поместува сцената во Битола и поставува нов стандард за домашната продукција.
Мјузиклот ќе се одржи на 30.03.2026 година со почеток од 20:00 во Центар за култура, Битола.
Билети во продажба на: https://yournextevent.info/events/freddie и во Тобако Димпо.
