На 22 јуни, ќе светнат сцените на Центарот за култура, Битолскиот Народен Театар, Бифе сцената и Сцената во Пациото при Завод и Музеј во Битола, и зад отворени врати ќе биде пречекана верната театарска публика на овогодинешното 22-го по ред издание на Фестивалот на Монодрама кој до 27 јуни ќе се одржува во Битола.
“Сонувавме за оваа година и за Фестивалот кој сакавме да се одржи, после минатогодишната пауза во која се најдоа сите настани од културата. И успеавме, ќе му се радуваме на фестивалот како на најголем театарски празник, бидејќи низ годините наназад не се забележал толку голем број на македонски монодрами колку што се случија оваа година.
Затоа овогодинешниот фестивал, го посветуваме на нашите актери, на нивната работа, и нивните креации, кои во фестивалските денови, ќе го оживеат театaрскиот свет” – истакна директорката на Центарот за култура Маја Андоновска-Илијевски пред новинарите.
Помина една комплицирана година во која театарските врати беа затворени, но овој фестивал ќе биде добар доказ дека театарот секогаш ќе го пронајде својот нов Модус Вивенди, како што го пронајде преку продукции на проекти кои се монодрами.
“Интересно е дека времето на пандемијата, монодрамата како театарска форма не можеше да ја замолчи. Сведоци бевме на крикот на актерите кои моноспектаклот го избраа да се изразат.
И да имаме навистина во време на пандемија и продукција. Така, со одлука на Фестивалскиот совет како селектор ја поддржав идејата сите оние актери од нашата земја, кои во оваа година се појавија со свои проекти, а и од оние кои минатата година беа селектирани да настапат. Ваква година заслужуваше поинаков третман, а ние како Фестивал ја покажавме својата големина. 10 монодрами во официјална конкуренција, сите продуцирани во нашата држава, зошто патувањата за гости од странство се се уште проблематични, а и е добра поддршка за домашната театарска продуција“ – изјави актерот Петар Мирчевски кој е воедно и селектор на Фестивалот.
Еве ја програмата на фестивалот:
🟪 22-06-2021,вторник
20ч. Свечено Отворање
Сала на Народен театар
„ КАРМЕН” по мотиви од романот “Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес
Режија и драматизација-Дејан Пројковски
Актер-Биљана Драгичевиќ Пројковска
Продукција-Драмски Театар Скопје
22ч. Пацио на НУ Завод и Музеј
.„ ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ“ 2-Човекојадство“ од Лу Син
режија-Ѓорги Ризески
актер-Бобан Алексоски
Продукција на Независен театар Златен Елец од Скопје
🟪 23-06-2021, среда.
20ч. Пацио на НУ Завод и Музеј
. „ИЗБУВЛИВИОТ ЧОВЕК “ Од А.П.Чехов
режија-Перо Даниловски
актер-Ефтим Гаурскипродукција-НУЦК “Бели Мугри“ Кочани
22ч. Сцена Театар-Бифе
“КРОТКА“ од Ф.М. Достоевски
режија-Дејан Ангелов
актер-Стојан Велков
Независна продукција на Здружение за култура “Транзен“- Струмица
🟪 24-06-2021 – четврток
20,00 ч Сала на Народен театар
.„ПЕТТО ГОДИШНО ВРЕМЕ“
Танц теартарски перформанс
автор-Сашо Димоски
адаптација и режија-Васил Зафирчев
изведува-Олга Панго
Продукција Театар Ј.Х-Џинот-Веле
22ч. Сцена на Театар Бифе
„НАЈЛОН“
сценарио и режија-Благој Мицевски
кореограф и танчер-Валентино Апостоловски
Независна продукција
22,30ч. Сцена на театар Бифе
„ ЗОО ПРИКАЗНА“ од Едвард Олби
авторски проект на Здравко Стојмировски
🟪 25-06-2021 , петок
20ч. Сцена Театар- Кафе
.„ПРВО ЛИЦЕ ЕДНИНА“
Авторски текст од „Приказни за бунтовни девојчиња“
Режија-Драгана Стојчевска Гунин
Актер-Владанка Димковска
Независна продукција во копродукција со Театар Куманово
22ч .Пацио на Завод и Музеј
„ИСМЕНА“
автор-Катерина Момева
режија-Елеонора Теова
музика и интерпретација-Сашко Костов
актер-Моника Ставревска
Во копродукција на Велешки театар
🟪 26-06-2021, сабота
12ч.Театарско бифе
Театарски кафе-муабети
Офф програма
20ч. Сцена Театар -Бифе
„ЛИДИЈА ИЛИ СЀ ШТО ЗНАМ ЗА ЖЕНИТЕ“
по романот на Тихомир Јанчовски
режија и актерска игра-Игор Трпчески
Театарска Работилница Прилеп
22ч. Голема Сцена на Центар за култура
„ПОСЛЕДНАТА ЛЕНТА НА КРАП “
од Семјуел Бекет
режија и изведба-Ѓорги Јолевски
копродукција на Македонски Народен театар од Скопје и
Перипетија Продукција од Скопје
🟪 27-06-2021,недела
20ч. Сала на Народен театар
🟪🟪🟪 СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ и Доделување на наградите
Претстава во чест на наградените
„ЛУДИ ЗА ЉУБОВ“
авторски проект на Хари Михајловски,по текст „Луди за љубов“ од Сем Шепард, во режија на Јован Ристовски ,а играат Борис Чоревски, Илина Чоревска, Хари Михајловски и Валентино Апостоловски.
Ве очекуваме од 22 јуни зад отворени врати 🟪
Претседател на жири комисијата ќе биде Весна Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски режисер од Битолскиот театар.
Ќе се доделат награди за најдобар акатер, најдобра режија и Гран при која покрај статуетката носи и награда од 30.000 денари.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола ✔️
Автор на графичкиот дизајн Ангела Христовска
Автор на фестивалскиот спот Гоце Веселиновски
ПР на фестивалот Љубица Ангелкова
фотограф | Диоген Хаџи Коста Милевски