You are currently viewing Flamenco Dance Company ECOS

Flamenco Dance Company ECOS

На третата фестивалска вечер на Фестивал на музика светот ,18.11.2018 со почеток во 20:00 во Големата сала на Центарот за култура ќе настапат Кубанската сензација Flamenco Dance Company ECOS.

Фламенко компанијата ЕКОС од Куба е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.

Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со фламенго како Кристина Хојос, Ева Јербабуена, Маноло Марин, Израел Галван, Хавиер Барон, Герардо Нунезес , Сегундо Фалкон, Антонио Коронел, Хуан Хозе Амадор во рамки на семинарите за фламенко во Хавана, организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта.

Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали, национални и интернационални настани: Фестивалот: Трагите на Шпанија, Интернационалниот Танц-фестивал на Стара Хавана: Град во движење, Иберо-американскиот празник за култура, Меѓународниот фестивал на театарот, Фестивалот: Алабанзас, Ромерија де Мајо, Денови на танцот и национални турнеи со презентации во сите театри во земјата. ЕКОС, исто така има и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт.

Од 2009 година, првата балерина и кореограф, уметнички директор и основач Ана Роса Менесес заедно со музичарот, пејач, музички директор и основач Мигуел Чавез, почнуваат свесно креативно пребарување низ  шпанскиот и кубанскиот свет и откриваат нови експресивни и уметнички полиња покажувајќи резултат од истражувачкиот процес кој резултираше со вградувањето на јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.

Цена на влезниците: 200 денари