ПРОЕКЦИЈА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „ПАТОТ НА ПРЕСТАПНИКОТ“
Ве покануваме на проекција на документарниот филм „Патот на престапникот“ – силна и искрена приказна која навлегува во најдлабоките слоеви на македонските затвори.
Филмот истражува како се создава девијантното однесување и поставува важно прашање: дали криминалното однесување може да се промени? Преку реални сведоштва на затвореници и затворски работници, без разубавување и ефекти, се открива вистинската слика за системот и можностите за ресоцијализација.
Александар Ковилоски (режисер)
Ѓорге Тодоров (стручен соработник)
„Затворот е огледало на општеството во кое живееме.“
Не пропуштајте можност за филм што отвора прашања и поттикнува разговор.
