Покана за изложба
Во организација на НУ Центар за култура – Битола и Друштвото за архитектура, дизајн и култура – Архифакт – Скопје, на 8 април 2026 год., среда, во 12.00 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, ќе биде отворена изложбата „Тешкотиите ќе исчезнат, но доброто дело ќе остане – Македонската „робинзонијада“ на семејството бегалци Малахови“. Автори на изложбата и каталогот се: д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, Љубица Велкова и Јасминка Намичева.
Изложбата преку документи, фотографии и реконструирани биографии ја раскажува необичната приказна за семејството Малахови, руски бегалци кои во планините на Поречје создаваат свој нов живот, оставајќи значајна трага во културата, науката и општествениот развој на Македонија.
Ве покануваме да ја откриеме заедно оваа речиси заборавена, но инспиративна историја.
