You are currently viewing Првиот чекор на промената

Првиот чекор на промената

Изложба „Првиот чекор на промената“
11.05.2026 во 19:00ч | Долно фоаје
Во просториите на Центар за култура Битола ќе биде поставена самостојна изложба на младата визуелна уметница Јована Тодороска, родена во 2001 година во Охрид.
Таа своето образование го гради меѓу Охрид, Битола и Скопје, каде дипломира на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, отсек Ликовна педагогија – Графика. Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Загреб, Битола и Њујорк, како и бројни учества на домашни и меѓународни ликовни проекти, со освоени награди и признанија.
Изложбата „Првиот чекор на промената“ опфаќа 30 дела изработени во комбинирана техника (акварел, акрил, туш и конец), со димензии 30×21 cm.
Концептот на делата го истражува моментот на лична трансформација – од внатрешна борба и затвореност, кон ослободување и промена. Преку боја, форми, рачно везена мрежа и симболика на движење од „кафез“ кон „лет“, уметницата ја пренесува идејата дека секоја промена започнува со една одлука, првиот чекор.