You are currently viewing Народната култура како трајна инспирација во моето творештво

Народната култура како трајна инспирација во моето творештво

Детската креативност повторно ќе ја оживее македонската традиција!

На 20 мај 2026 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во НУ Центар за култура – Битола ќе биде отворена традиционалната Државна изложба на детски ликовни творби на тема:

„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

Преку бои, мотиви и различни ликовни техники, ученици од основните училишта од целата држава ќе ја претстават својата визија за народната култура, фолклорот, обичаите и богатото македонско културно наследство.

Изложбата е вистински простор каде традицијата добива нов живот низ детската имагинација и уметнички израз.

Ве покануваме да бидете дел од оваа прекрасна културна манифестација и да ја поддржиме детската уметност и креативност.

📅 20 мај 2026 (среда)
🕛 12:00 часот