You are currently viewing Ningbo Symphony Orchestra

Ningbo Symphony Orchestra

За првпат во Битола – ексклузивен концерт на Ningbo Symphony Orchestra!
НУ Центар за култура – Битола има особена чест да го најави гостувањето на еден од најреномираните симфониски оркестри од Народна Република Кина – Ningbo Symphony Orchestra, кој за првпат ќе настапи во Битола.
Оркестарот, составен од повеќе од 100 врвни музичари, настапувал на најпрестижните концертни сцени во светот и соработувал со истакнати диригенти и солисти од меѓународната музичка сцена. Неговите концерти се препознатливи по извонредниот уметнички квалитет и впечатливите изведби на дела од најголемите светски композитори.
📅 14 јули 2026 | 20:00 часот
🎟 Билети во претпродажба: 100 денари
Ова е единствена можност битолската публика да биде дел од концерт кој претставува вистински музички спектакл и значаен културен настан.