ТЕОРЕМА, ЛЕМЕ
Според романот и филмот на Пјер Паоло Пазолини.
Што ако доживееме нешто што ги проширува границите на реалноста? А што ако потоа исчезне? Како се носиме со неговото отсуство и со промените што ги остава зад себе?
„Теорема, леме“ отвора прашања за човековата природа, надежта, отсуството и светот во кој живееме – не низ призма на реализам, туку преку парабола што остава простор секој од нас да пронајде свое значење.
Со: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски.
