You are currently viewing МУЗИЧКИ КОД

МУЗИЧКИ КОД

🎼 МУЗИЧКИ КОД – Концерт на Македонска филхармонија.
Што се случува кога увертирата ќе престане да биде само почеток на една сценска приказна и ќе стане приказна сама за себе?
Од Моцарт и Росини, преку Бетовен, Брамс, Вагнер и Верди, до Шостакович – програмата на концертот „Музички код“ ја следи историјата на увертирата и нејзината постепена трансформација од вовед во операта до самостојна оркестарска форма.
Седум различни поетики, седум начини на музичко раскажување и една заедничка нишка – оркестарот како носител на драмата, идејата и емоцијата.
📍 Центар за култура Битола
📅 14 октомври 2026
🕢 19:30 часот
🎟️ Карти во претпродажба: 300 денари