You are currently viewing Ефто Пупиновски со целовечерен солистички концерт во Битола!

Ефто Пупиновски со целовечерен солистички концерт во Битола!

📅 30 октомври 2025 20:00 | 📍 Центар за култура Битола
На 30 октомври, во големата сала на НУ Центар за култура – Битола ќе се одржи роденденски концерт по повод 45 години постоење на институцијата.
Ефто Пупиновски е еден од најистакнатите македонски пејачи, уметник чиј глас со децении е дел од музичката сцена. Со своите љубовни балади и народни песни, тој остави длабока трага во македонската музика и создаде хитови што станаа вечни. Од емотивни приказни за љубов и судбина, до песни што ја слават радоста и животот, неговиот репертоар е препознатлив по искреноста и силната емоција што ја пренесува на публиката.
Публиката ќе ужива во најголемите хитови на Пупиновски – песни што се дел од нашето сеќавање, што ги пееме со срце и што ја носат вечната емоција на македонската музика.

🎟Билети во претпродажба онлајн по цена од 300 денари