You are currently viewing „Екскурзија“

„Екскурзија“

❄️ Зимско издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), кое ќе се одржи од 17. до 26. јануари 2025. ✨
❄️ Публиката во овој период ќе може (бесплатно!) да погледне пет регионални наградувани филмови: „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак, „М“ на Вардан Тозија, „Набљудување“ на Јанез Бургер, „Работничката класа оди во пеколот“ на Младен Ѓорѓевиќ и „Само кога се смеам“.
❄️ Филмовите ќе бидат прикажани онлајн на ондименд платформата https://ondemand.kinomeetingpoint.ba/, а покрај тоа ќе имаме и една бесплатана кино проекција на филмот „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак во петок (17.1) во 20:00 📍 во 3Д киното на Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотеката во Скопје.
🎟️ Бесплатните влезници за проекцијата можете да ги резервирате на билетарниците на двете кино сали.