You are currently viewing Мала школа за краток филм

Мала школа за краток филм

Четвртото издание на фестивалот „Мала школа за краток филм“ ќе се одржува во Битола од денеска до 1 ноември, во рамките на програмата за одбележување на 80-годишнината од денот на ослободувањето на градот Битола. Организатор на фестивалот е здружението „Aye aye VO“ од Нанси, претставено во Битола од Тони и Бландин Гламчевски, како носители на проектот поддржан од Општина Битола, Францускиот институт и Француската алијанса, која го организира Меѓународниот филмски фестивал во Нанси на кој се прикажани речиси сите најнови македонски филмски остварувања во последните десетина години.

И по четврти пат придобивки од овој детски фестивал ќе имаат и децата од Македонија, особено од Битола и околните села, со значителен ангажман на Центарот за култура во Битола, кој е коорганизатор и домаќин на фестивалот. Првото издание се одржа во 2019 година, но поради пандемијата второто издание се одржа дури во 2022 година, а потоа следуваше изданието во 2023 година.