You are currently viewing Концерт на Битолски дувачки оркестар: „Евергрин” Big Band Edition!

Концерт на Битолски дувачки оркестар: „Евергрин” Big Band Edition!

🎶 Концерт на Битолски дувачки оркестар: „Евергрин” Big Band Edition! 🎶
Почитувани љубители на музиката, ве покануваме на незаборавна музичка вечер во Битола! 🎺🎷
📅 28.10.2024 ( понеделник )
🕗 Почеток во 20:00 часот
📍 Центар за култура Битола
На програмата се светски познати инструментални евергрини 🎼, како и македонски класици, во изведба на нашиот фантастичен оркестар.
Специјален гостин на вечерта ќе биде харизматичната пејачка Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената. 🎤✨
🎟 Карти по цена од 300 денари – достапни на билетарата на Центар за култура Битола.
Концертот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и Центарот за култура Битола.
Не ја пропуштајте оваа можност за музичко уживање! 🎵