You are currently viewing Панде Петровски Анкин „65 години творештво“

Панде Петровски Анкин „65 години творештво“

Со особена чест и задоволство ве покануваме да присуствувате на
Свеченото отворање на Ретроспективната изложба на Панде Петровски Анкин „65 години творештво“ (1959 – 2024).

🗓️ Датум: 16 октомври 2024 година
🕖 Време: 19 часот
📍 Место: Фоајето на НУ Центар за култура – Битола

Панде Петровски, роден во с. Брусник (1939), започнува да црта од најрана возраст, а неговите цртежи со молив од стара архитектура, зачувани од 1956 година, се сведочење за неговата доследност како ликовен хронирач.

Панде е припадник на повоената генерација на ликовни уметници кој со своето разновидно и солидно, творечки артикулирано творештво остава индувидуален придонес во развојот на одделни правци на современата македонска уметност.

Неговото активно творечко присуство значително придонесува во создавањето на претставата на македонската уметност.

Не пропуштајте ја оваа уникатна прилика да уживате во 65 години инспиративно творештво на еден од најзначајните уметници на Битола!