„Парчиња живот“ – изложба на Бојана Артиновска
Фоаје на НУ Центар за култура Битола, 30.08.2024 во 19:30 ч.
„Оваа ликовна изложба се состои од повеќе од 100 мали формати, изработени во различни техники- цртеж, акрил на хартија , акрил на платно, масло на платно, создадени спонтано за време на паузите помеѓу работата на поголеми дела.
Животот, како уметност сам по себе, е составен од различни „парчиња“ кои заедно формираат уникатно и значајно искуство. Оваа изложба е посвета на тие „парчиња од животот“, гледани како уметност.“
