You are currently viewing Премиера на македонскиот филм Исцелител

Премиера на македонскиот филм Исцелител

Не го чекајте холивудскиот ремејк на филмот кој го предложи “Hollywood Reporter” и дојдете да го гледате оргиналот!
Откако ја освои публиката по филмските фетсивали конечно следува и битолска премиера на филмот ИСЦЕЛИТЕЛ заедно со дел од екипата.

Приказна за дечко од Автокоманда и неговиот татко болен од рак, кои можат да бидат кои било татко и син, од која и да е земја, во која луѓето од маргините се препуштени сами на себе. Топла и хумана, како тукушто испечен домашен колач.

Сценарио, режија и продукција: Ѓорче Ставрески
Улоги: Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Михиќ ,Мирослав Петковиќ ,Диме Илиев ,Симона Димковска

Датуми на прикажување:
Петок 22.12.2017. 20:00
Сабота 23.12.2017. 20:00
Недела 24.12.2017. 20:00