На 16.11.2024 во 19:30 во фоајето на НУ Центар за култура ќе биде отворена изложба на фотографии од проектот ФОТОКОЛОНИЈА ПЕЛАГОНИЈА 2024 во соработка со ЦЕРИ.

Оваа година изложбата се состои од приказни за 13 објекти кои се дел од нашето минато и сегашност, а оваа наша изложба е оставина за идните генерации и сведоштво за изгледот на нашето време.

Повелете и погледнете ги визуелните изрази на 12 фотографии кои како дел од проектот секој на свој начин раскажа приказна за објектите кои самите ги селектираа.