You are currently viewing Фестивал на музика од светот 2024

Фестивал на музика од светот 2024

Програма за Фестивал на музика од светот 2024 ⚫️⚫️⚫️
⚫️ 28.11.2024 | Волкот на љубовта
Поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски.
Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски…
Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век.
За уметниците:
• Тихомир Јанчовски – поет, автор на 20 книги поезија, три романи и две книги за деца.
• Бранислав Николов – поет и кант-автор од Битола, објавил четири збирки поезија и десетина албуми со „Фолтин“ и „Пијан Славеј“.
⚫️ 29.11.2024 | Камерен оркестар – Етно симфонија
Специјални гости:
• Сузана Спасовска – вокал
• Благојче Трајковски – кларинет
• Петар Горко – актер
⚫️ 30.11.2024 | Manolo – Voice of the Gypsy Kings
Маноло Гименез, препознатливиот глас на Gipsy Kings, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како Bamboleo, Volare, Jobi Joba и други.
Во декември 2010 година, Манило го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени.
Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц!
⚫️ 01.12.2024 | Балкан мјузик проџект
Програма:
1. Илија Илиевски – Дувачки квинтет
2. Дејан Деспиќ – Вињети оп.43
3. Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи
4. Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи
5. Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи
Учесници:
• Дувачки квинтет Македонија
• Дувачки квинтет на Белградската филхармонија
За уметниците:
Дувачки квинтет Македонија – ансамбл составен од врвни музичари од НОБ, кои со своето долгогодишно искуство донесуваат нов звук во камерната музика.
Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – етаблиран ансамбл со настапи на престижни фестивали како БЕМУС, НОМУС и многу други, познат и по работилници за музичко образование.
Потсетник:
28.11.2024
Волкот на љубовта
⏰ 20:00 (Нова сцена)
29.11.2024
Камерен оркестар – Етно симфонија
⏰ 20:00 (Голема сцена)
30.11.2024
Manolo – Voice of the Gypsy Kings
⏰ 20:00 (Голема сцена)
01.12.2024
Балкан мјузик проџект
⏰ 20:00 (Офицерски дом)