Францускиот Институт во Скопје во соработка со Француското конзуларно претстаништво, Француската Алијанса и НУ Центар за култура во Битола, во рамките на првото издание на Фестивалот на улична уметност French Connection (Скопје ,15-17 октомври)
со особено задоволство ве покануваат на неверојатниот уличен перформанс :
„Танцот на водните нимфи“
во изведба на
театарската трупа „Гвам“
Петок 16 октомври | 20:00 ч.
Поаѓање од Офицерски дом
Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во во хармонично вибрациско поле.
Настанот е организиран во пресрет на Скопје Европска престолнина на културата 2028 и во рамките на Програмата за културни и креативни индустрии на Францускиот институт во Париз.
Се гледаме на Широк сокак, дојдете многубројни !
