You are currently viewing Свињи

Свињи

„Свињи“ / 𝙋𝙄𝙂𝙎
🐷 Премиера 08.07.2026 / 21ч.
🐷 Реприза 09.07.2026 / 20ч. [БИТ ФЕСТ 2026]
📍Центар за култура Битола Битола
Автор: Томислав Зајец
Режија и адаптација: Тамара Стојаноска
Играат: Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска
Превод од хрватски јазик: Тамара Стојаноска и Никола Стојаноски
Дизајн на звук, избор на музика и автор на текст за сонг: Лука Тошев
Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Сценографија: Тамара Стојаноска
Костими: Тамара Стојаноска во консултација со актерската екипа
Изработка на маски: Горан Спасевски
Фотографија: Јордан Звездоски
Продуцент: Бобан Алексоски
Театар „Златен Елец“ во копродукција со Центар за култура – Битола
Што значи да се биде човек во еден систем што се однесува како фарма?
🐽Во центарот на приказната се две сестри, но нивниот однос е само појдовна точка за истражување на механизмите преку кои луѓето се обликуваат, оттурнуваат и стануваат производ на средината во која живеат. Ликовите, затворени во сопствените светови, стануваат одраз на нашата потреба да ги контролираме другите, да ги проектираме сопствените неуспеси врз нив и да создаваме реалности во кои насилството станува нормализирано, наместо препознаено како зло. Претставата не се обидува да осуди, туку да разбере. Таа истражува како осаменоста, траумите од детството, недостатокот на љубов и емпатија, како и наследените модели на однесување, го обликуваат човекот. Во својата суштина, зборува за тоа како насилството раѓа ново насилство и како општеството честопати прво ги оттурнува, ги напушта и ги заборава најранливите, а дури потоа ги осудува за луѓето во кои се претвориле.
🐽„Свињи“ е претстава што не бара од публиката да заземе страна, туку да остане со прашањата што ги отвора. Зашто најстрашните облици на насилство не започнуваат со омраза, туку со рамнодушност, молчење и прифаќање на светот таков каков што е. Во тој простор помеѓу личната, колективната и театарската одговорност се наоѓа суштината на нашата претстава, да не понуди готови одговори, туку да е огледало на тоа како ги третираме луѓето околу нас и какво општество создаваме.
Билети онлајн (https://www.3dkinobitola.com/single/event/332) и на билетарница во Центарот за култура – Битола