You are currently viewing Ревија на европски филм

Ревија на европски филм

На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија и други земји. Овој проект се реализира во соработка со Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија АФПМ, и е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на Р.М.

Со овој проект ќе бидат претставени повеќе европски филмови со цел да ги доближиме квалитетните и репрезентативни филмови од неколку големи европски кинематографии, кои се учесници и добитници на светските филмски фестивали. Станува збор за проекции на репрезентативни филмски наслови.

Ќе бидат прикажани филмовите:

  1. „Господин Шпион“ (Master Spy)
    •   КРАТКА СОДРЖИНА

    Едно момче се вплеткува во шпионска авантура кога случајно ќе разбуди агент од тајната служба од 1973 година,
    кој бил замрзнат, и ќе одлучи да му помогне да реши мистериозен криминален случај од пред 40 години.

    •   ДЕТАЛИ

    Траење на филмот:  74 минути
    Земја / Година: Холандија / 2016
    Жанр: Криминалистичка драма
    Режија: Питер Ван Рин
    Датум: 13.10.2018 18:00ч.

  2. „Принцот на криминалот“ (The Prince of crime)
    •   КРАТКА СОДРЖИНА

    Приказна за Камора, одмазда и жалење: двојниот живот на Марчело Кавани, роден во обично мало семејство во близина на Неапол. По ненадејната смрт на неговиот татко, Марчело се придружува кон Камора по стапките на Џенаро, неговиот постар брат. Марчело е елегантен, страстен млад човек кој ја сака конкуренцијата. Тој се вљубува во Розарија, тврдоглава девојка, а сепак едноставна и правична. Тие се венчаат: Марчело е посветен и вљубен сопруг, беспрекорен семеен човек. Сепак, надвор од неговото семејство, неговиот друг живот како член на Камора полека, но постојано стигнува до точката без враќање. Дали дојде време да плати за сето она што нелегално го стекна?

    •  ДЕТАЛИ

    Траење на филмот: 98 минути
    Земја / Година: Италија/ 2016
    Жанр : Биографија
    Режија :Алесандро Пива
    Датум: 13.10.2018 20:00ч.

  3. „Генерација Милениум“ (Millennials)
    • КРАТКА СОДРЖИНА

    „Генерација Милениум“ е атмосферско патување низ „сентименталната едукација“ на двајца индивидуалисти кое ги опишува нивните неуспеси и нивните среќни моменти. Урбана бајка со документарна жичка, пренесена со чудна неизвесност и осцилира помеѓу тука и сега и софистицирана наративна структура.

    • ДЕТАЛИ

    Траење на филмот: 70 минути
    Земја / Година: Германија/2017
    Жанр: Драма
    Режија: Јана Бургелин
    Датум: 13.10.2018 22:00ч.

  4. „По стапките на мојот татко“ (On the Trail of my Father)
    • КРАТКА СОДРЖИНА

    Доменико е младо момче. Неговиот татко, Пјетро, има педесет години, но се чини дека е постар, изнемоштен од осаменост и вино; тој работи во каменоломот во сопственост на локален бескрупулозен претприемач. Односот помеѓу таткото и синот е суров и тежок; долгите тишини ги претворија во двајца странци.

    Веќе извесно време, мечка му се заканува на селото. Една ноќ, во пабот, Пјетро го предизвикува претприемачот: тој да ја убие мечката во замена за пари. Следниот ден, во мугрите, тргнува кон шумата. Доменико одлучува да го следи. Таткото и синот се втурнуваат во шумата, подлабоко и подлабоко. Малку по малку, тие ќе се зближат и ѕидот, кој ги раздвојуваше, ќе се распарчи во природата.

    • ДЕТАЛИ

    Траење на филмот: 92 минути
    Земја / Година:  Италија/2016
    Жанр: Драма
    Режија: Марко Сегато
    Датум: 14.10.2018 20:00ч.

  5. „Центарот на мојот свет“ (Center of my world)
    • КРАТКА СОДРЖИНА

    17-годишниот Фил се враќа од летен камп и се враќа во домот каде што живее со неговата мајка Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвај имаат контакт со другите жители на селото кои сметаат дека семејството на Фил е чудно, а за Дијана велат дека може да разговара со животни. Меѓутоа, често ги посетува Тереза, адвокат, кој секогаш има добри совети за Фил. Фил забележува дека нешто се сменило меѓу нивната мајка и неговата сестра и дека повеќе не зборуваат една со друга. Но, сепак Фил ги поминува последните денови од својот летен одмор со неговиот најдобар пријател Кат. Кога почнува со училиште, во неговото одделение доаѓа мистериозниот Николас. Тој се вљубува во него и неговото пријателство со Кат поради завист и љубомора. Сега пред Фил стои предизвикот да открие што е неговиот центар на светот.

    • ДЕТАЛИ

    Траење на филмот: 115 минути
    Земја / Година: Германија/Австрија/ 2016
    Жанр:  Драма
    Режија: Јакоб М. Ерва
    Возрасна Категорија: 12+
    Датум: 14.10.2018 22:00ч.

  6.  „Хармс“ (Kharms)
  • КРАТКА СОДРЖИНА

Музика и тишина. Креативност и немоќ. Обмислување и лакрдија.
Тој се смета себеси за гениј, но издавачите одбиваат да ги печатат неговите дела. Сака жени, но тие не секогаш го разбираат. Постојано нема пари и е вон допир со реалноста. Елегантното конте Данил Јувачов си го дава себеси името Хармс – име ефективно исто толку колку неговиот изглед. Редовен посетител на бескрајни книжевни собиранки и обожавател на скандали. Живее во општество од кое целосно е одделен. Хармс му пркоси на времето во кое живее, смело впуштајќи се во вителот на реалноста, исто толку нејасна и произволна, со истите контрадикторности, како што е претставена од неговиот дух.

  • ДЕТАЛИ

Траење на филмот  :95 минути
Земја / Година  : Русија/Литванија/Македонија/2017
Жанр:Биографија
Режија:Иван Болотников
Датум: 15.10.2018 20:00ч.

 

7. „Темна судбина“ (Dark Fortune)

  • КРАТКА СОДРЖИНА

Доцна во ноќта, психологот Елиан Хес е повикана покрај болничкиот кревет на 8-годишниот Ив. Момчето е единствениот член на семејството што ја преживеало сообраќајната несреќа. Елиан е ужасната и фасцинирана од судбината на момчето. Се развива невидлива врска помеѓу нив, границите помеѓу приватниот и професионалниот живот почнуваат да избледуваат.

Врз база на романот „Темна судбина“ на Лукас Хартман, филмот ни кажува нежна, многу необична приказна за припаѓањето и љубовта, истражувајќи го прашањето за вината и невиноста и илустрирајќи ја бестрашната храброст да се соочиме со сопствената судбина.

  • ДЕТАЛИ

Траење на филмот :113 минути
Земја / Година: Швајцарија/2016
Жанр: Драма
Режија: Стефан Хаупт
Возрасна Категорија:12+
Датум: 16.10.2018 20:00ч.

8. „Голијат“ (Goliath)

  • КРАТКА СОДРЖИНА

Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.

  • ДЕТАЛИ

Траење на филмот : 85 минути
Земја / Година : Швајцарија/2016
Жанр: Драма
Режија: Доминик Лохер
Датум: 17.10.2018 20:00ч.