You are currently viewing Промоција на албумот „Извор“ на Каролина Гочева

Промоција на албумот „Извор“ на Каролина Гочева

На 27ми и 28ми март со почеток во 20:00ч во Центарот за култура ќе се одржат два концерти на Каролина Гочева за промоција на албумот “Извор”. Во првиот дел ќе бидат изведени песните од новиот албум на Каролина, додека во вториот дел од концертот ќе бидат изведени најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.


Влезниците по цена од 500 денари ќе бидат пуштени во продажба од среда, 14.03.2018, во 09 часот, на следниве продажни места: Тобако „Brothers“, ТА Атлантис, Центро Трејд, ТА Тео травел, Т.А Бела Роза 2 и ЈК Травел.

Со секоја купена влезница, следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“.