Почитувани љубители на музиката, ве покануваме на незаборавна музичка вечер во Битола! 

На програмата се светски познати инструментални евергрини
, како и македонски класици, во изведба на нашиот фантастичен оркестар.
Специјален гостин на вечерта ќе биде харизматичната пејачка Ана Петановска, која со својот глас ќе внесе дополнителна магија на сцената. 

Концертот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и Центарот за култура Битола.
Не ја пропуштајте оваа можност за музичко уживање! 
