You are currently viewing Као какао

Као какао

Фестивалот Битолското – културно лето БИТ ФЕСТ 2026, се отвора на 19 јуни во НУ Центар за култура во Битола, со почеток во 19.30 часот, а ќе го отвори мјузиклот „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.
Влезници по цена од 300 денари ќе може да се набават од понеделник 15.06.2026 година, во периодот од 10.00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот во Офицерски дом во Битола.
Влезниците се во ограничен број, а резервации може да се направат на телефонскиот број +389 71348421.