КАКО ПЛАЧАТ УЛИЦИТЕ е документарен филм за хип-хоп културата во Битола. Хроника за едно време со цел да го овековечи урбаниот живот на една цела
генерација, водејќи се по начелото да се живее, значи да се биде духовно богат.
Филмот раскажува една младост, која дишеше со богата урбана сцена, кога стиховите што беа плачот на улиците создаваа другарства што траат, а денес истите тие улици ги оплакува само дождот.
Концепт и иницијатива: Филип Ошавков-Генго
Сценарио и режија: Христијан Аџиоски и Дејан Трајчевски
Endorse media production
19:00 графити сесија и дџ (долно фоаје)
20:00 проекција
