Оваа година покрај 1000 учесници од Македонија, на фестивалот ќе учествуваат и фолклорни групи од Мексико, Шпанија, Кипар, Турција и Бугарија.
Програма:
46. Републички фестивал на народни песни и игри
„Илинденски денови“ Битола 2016
28.07.2016 година (четврток)
Промоција на монографија :
Народната култура – трајна инспирација – 40 години детско творештво – 1975 – 2015
НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.00 часот
Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.30 часот.
29.07.2016 година (петок)
Детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“
НУ Центар за култура Битола – 10.00 часот.
Семинар за традиционална музика и игра
НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.00 часот.
Проекција на етно филмови од д-р Роберт Хенри Либман
НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.30 часот.
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11.00 часот
Дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“
Саат кула, Широк сокак – 18.30 часот.
Свечено отворање на
46. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
Вечер на традиционална музика и игра
Ракометно игралиште – 20.00 часот.
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер
КЦ Магаза – 22.30 часот
30.07.2016 година (сабота)
Семинар за традиционална музика и игра
Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10 до 18 часот
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11.00 часот
46. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
Вечер на традиционална музика и игра
Ракометно игралиште – 20.00 часот.
„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер
КЦ Магаза – 22.30 часот
31.07.2016 година (недела)
Семинар за традиционална музика и игра
Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10 до 18 часот
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11.00 часот
46. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
Вечер на староградска музика и игра
Стара битолска чаршија – 20.30 часот.
Ревија на народни носии „Традицијата оживува“ – Бојан Петковски
Учесници: ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје
и студенти од УГД – Штип – Катедра за етнокор еологија
КЦ Магаза 22.00 часот
Песна и оро на Широк сокак – настап на ансамбли на Широк сокак
Од Саат кула до Камен мост – од 22 до 23 часот
01.08.2016 година (понеделник)
Семинар за традиционална музика и игра
Студентски дом „Кочо Рацин“ – од 10 до 18 часот
„На пладне во чаршија“ – фолклорни презентации
Стара битолска чаршија – 11.00 часот
46. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“
Вечер на интернационална музика и игра
Свечено затворање на фестивалот со:
Концерт на македонски народни песни „ НОЌ СПРОТИ ИЛИНДЕН “
Учесници : Наум Петрески, Андријана Јаневска, Зуица Лазова,
Кирил Митовски и Група ФОНТАНА
Хераклеа – 20.00 часот.