На 4 мај започнува Фестивалот на монодрама во Битола. Фестивалот ќе трае 7 дена, а вљубениците во театарот ќе имаат можност да погледнат 13 монодрами кои ќе се борат за престижната награда „Гран При”, како и неколку претстави кои ќе бидат изведени вон конкуренција.
На фестивалот учествуваат актери од повеќе земји меѓу кои Албанија, Србија, Македонија, Литванија, САД, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија.
Престижната награда ќе ја додели интернационалното жири Нина Мазур, Иван Лео Лемо, Братислав Димитров, Билјана Крајчевска и претседателот Петар Темелковски. Фестивалот е во организација на Центар з а култура Битола а со поддршка на Министерството за култура.
Фетсивалот ќе го отвори претставата „Животот е прекрасен” на МНТ а во режија на Александар Морфов, а ќе гоз атвори „Случајот Хармс” на Театар Комедија во режија на Дино Мустафиќ.
Селектор на официјалната програма е Петар Мирчевски.