Четиринаесет претстави од 10 држави меѓу кои Романија, Израел, Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Украина ќе бидат презентирани на 17-тиот интернационален Фестивал на монодрама кој ќе се одржи од 24-ти до 28-ми април во Битола.
Во официјалната конкуренција ќе учествуваат 10 претстави, а три се надвор од конкуренцијата. На фестивалот ќе учествуваат и три македонски претстави од кои една фестивалска премиера. Станува збор за претставата „Делириум Тременс” на Народниот театар „Војдан Чернодрински” од Прилеп во изведба на Игор Трпчески.
17- ти Интернационален Фестивал на монодрама ,Битола 2015
ПРОГРАМА
24.04.2015 петок 20:00
Сала на Народен театар
СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
МНТ, Скопје ,Македонија
ЖИВОТОТ НА МОЛИЕР
автор Михаил Булгаков
режија Александар Поповски
претстава во чест на отворањето
25.04.2015,сабота 17:00 ч
Театар Елизабета ,Букурешт -Романија
„Приказни без зборови“
автор и актер Стефан Руксанда
25.04.2015,сабота 19:00 ч
Израелски Театарски Центар „Мерказ-ха- Бама“ и Независна Театарска група „Два Дома“ , – Израел
КОНЕЧНО,КРАЈ
автор Питер Турини
актер Гера Сендлер
режија Мајкл Каит
25.04.2015,сабота 21:00 ч
АРТ СТАРТ ХС,Скопје- Македонија
ПОСЛЕДНА ШАНСА
автор Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ
актер Весна Петрушевска
режија Синиша Ефтимов
25.04.2015,сабота 22:00 ч.
Актерки од Театарот Тагањка- Москва,Русија
Театарско –музички перформанс
ЖЕНСКИ СУДБИНИ
(надвор од конкуренција)
26.04.2015,недела 18:00 ч.
Тиатро, Истанбул, Турција
КРАПОВАТА ПОСЛЕДНА ЛЕНТА
Автор: С. Бекет
актер Хилми Демирер
режија Емре Ердем
26.04.2015,недела 20:00 ч.
Театарска работилница Прилеп и Народен Театар “Војдан Чернодрински“,Прилеп, Македонија
„DELIRIUM TREMENS“ – Премиера
автор Благоја Ристески-Платнар
актер и режија Игор Трпчески
26.04.2015,недела 22:00 ч.
Сцена „Маска“ , Шабац-Србија
ЗОРАН РАДМИЛОВИЌ
автори Иван Томашевиќ и Андреа- Ада Лазиќ
актер Иван Томашевиќ
режија Андреа- Ада Лазиќ
27-4-2015,понеделник 18:00 ч
Загребачко глумачко атеље, Загреб-Хрватска
ЈАС,ШТО ИМАМ НЕВИНИ РАЦЕ
адаптација на текстови на Весна Парун
актер Весна Томинац Матачиќ
режија Иван Лео Лемо
27-4-2015,понеделник 20:00 ч
Драмски ТЕатар Хасково – Бугарија
ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ
автор Н.В.Гогољ
актер Николај Урумов
режија Лили Абаџиева
27-4-2015,понеделник 21:30 ч
Мејерхолд Центар, Киев,Украина
МОНОЛОГ НА ВОЕН ПСИХОЛОГ
текст и актер Елвин Рзаев
идеја и режија Андреј Мај
27-4-2015,понеделник 23:00 ч
Авторски проект од Лондон,Велика Британија
„ЉУБОВ“
костимограф Антонела Петракаро
актер Петар Милошевски
28-4-2015,вторник 18:00 ч
Тетово,Македонија
„ХАШАМЕТ“
адаптација по текст -Хамлет од Шекспир
режија и актер Бурхан Амити
28-4-2015,вторник 20:00 ч
Свечено затворање и доделување на наградите
МНТ ,Скопје Македонија
претстава во чест на наградените
НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ
автор Владимир Ѓорѓевиќ
режија Синиша Ефтимов