Француски филмски фестивал 2017

Француски филмски фестивал 2017

Многубројна публика на отворањето на Францускиот филмски фестивал во НУ Центар за култура Битола. Голема благодарност до Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje и Alliance Française de Bitola за соработката. Во првиот ден од фестивалот беа прикажани два филмови, романтичниот филм „Тој не е мој тип“ и трилерот „Случајот СК-1“. На 15.09.2017 во малата сала ќе бидат прикажани уште два филмови, семејниот филм „Убавка и Себастијен“ во 18.00 ч. и комедијата „Семејството Белие“ во 20.00 ч. Влезот е слободен.