Фестивал на музика од светот Битола 2015

Фестивал на музика од светот Битола 2015

Во организација на НУ Центар за култура Битола на 05.11 и 06.11 ќе се одржи седмото издание на Фестивал на музика од светот. Оваа година дел од програмата повторно се врвни светски музички имиња – КЕРЕМ ГОРСЕВ, маестралниот џез пијанист од Турција, кој ќе настапи со своето трио придружуван од Камерниот Оркестар на Битола под диригентската палка на Сашо Татарчевски и светската ѕвезда НАТАША АТЛАС, која ќе има промоција на својот нов албум кој излезе на 26 ти октомври. Исто така дел од програмата е и промоцијата на новиот албум на групата Љубојна – Шербет Љубојна издаден од ЦК Битола. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на РМ, Турскиот културен центар Јунус Емре, Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, Францускиот Институт и Француската Алијанса.