Лила, Розе, Синка и Sвонко Бонбонко. ATO ви најавува детската претстава ТРИ – Прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица и за останатата широка публика.
ТРИ – Прва професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик. Наменета е за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви.
Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик. Добредојдени се сите љубители на театарската уметност. 

Премиера: 29 октомври, петок во 18.00 часот, Центар за култура, Битола/ Голема сала.
Репризи: 6,7,13 ноември во 12.00ч.
Билети ќе бидат пуштени во продажба на 27.10.2021 на касата на НУ Центар за култура Битола (15.00-21.00ч) по цена од 100 денари.
Продукција: ATO
Режија: Јован Ристовски
Актери: Никола Пројчевски
Маја Андоновска Илијевски
Анастазиа Христовска
Сандра Грибовска
Костимографија: Марта Дојчиновска
Шминка: Симона Ристевска
Дизајн на плакат: Димитар Ристовски
PR: Љубица Ангелкова
Толкувач на знаковен јазик: Сузана Станоевска