You are currently viewing СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021.

СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021.

На 26.08.2021 на платото пред Центар за култура Битола ќе се одржа свеченото отварање на 9-тото по ред издание на изложбата СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2021.
Сите заинтересирани ќе имаат можност да ја погледнат изложбата од 26.08.2021 до 05.09.2021 во фоајето на Центарот за култура Битола .
„Сеуште сме тука и сеуште наоѓаме љубов“ Во времето во кое едноставните работи стануваат предизвик фотографите се оние кои преку своите објективи создаваат сведоштво за она што во некое идно време ќе биде предмет на неверување и зачуденост.
Годинава 25 фотографи, професионалци и аматери  ја раскажуваат приказната за нашиот град и начинот на кој тој продолжува да живее и љуби и покрај сите предизвици пред кои не става пандемијата која стана дел од нашето постоење.