You are currently viewing Синтезис

Синтезис

Овогодинешното издание на Фестивалот на музика од светот на 16.11.2018 во големата сала на Центарот за култура со почеток во 20:00ч. ќе го отвори македонската група СИНТЕЗИС.

СИНТЕЗИС го комбинира наследството од Македонската народна музика со модерни аранжмани, преку користење на широк спектар оригинални Македонски инструменти, како кавал, гајда, зурла, тапан, тарабука и тамбура.

Моќни и експлозивни, СИНТЕЗИС се најизвезуваниот Македонски музички проект во светот.

Групата е оформена во 1995 години како резултат на потребата од темелна потрага по извонредните богатства на народната музика од Македонија.  Името Синтезис беше одбрано како експресија на концептот на групата, што всушност претставува комбинација од традиционални звуци со модерни аранжмани во една музичка синтеза.  Копајќи длабоко по корените на Македонското народното наследство, со сериозен осврт кон основите на традиционалните композиции, групата доби големи пофалби за вдахнување нов живот во оваа средина.  Како потврда за големиот придонес на Синтезис за афирмација на Македонската музика и култура преку бројни концерти низ светот (Јапонија, Израел, Америка, Италија, Франција и многу други), во 2006 Македонската Стопанска Комора ја прогласи групата за Почесен амбасадор на Македонската култура.

Синтезис продолжува да ги негува старите, заборавени и често никогаш неслушнати песни, кои се дел од богатото Македонско музичко наследство кои како и Македонската култура имаат долготрајна традиција…

Од многубројните турнеи, концерти и презентации ширум светот би ги издвоиле гостувањата во: Унгарија, Словенија, Австрија, Италија, Германија, Израел, Србија, Црна Гора, Грција, Америка, Шпанија, Белгија, Полска, Франција, Шведска, Албанија, Јапонија, Виетнам, Казахстан.

Членови на Синтезис:

Анета Шуланковска- вокал, Билјана Ристовска- вокал, Мирјана Јошевска- вокал, Гоце Димовски-кавал, гајда, зурла, Ване Јовчев-пиано, клавијатури, Гоце Узунски-тапан, тарабука, Маријан Јовановски-тамбура, Радослав Шутевски-тапани и ударни инструменти.