You are currently viewing „Романтичните звуци на контрабасот“

„Романтичните звуци на контрабасот“

Концерт „Романтичните звуци на контрабасот“ во изведба на Александра Чуруковска.

Недела 7.11.2021 , мала сала
Почеток 19:00ч
Влез : бесплатен

ПРОГРАМА:

1. Хенри Еклс – Соната во g-moll
Largo
Allegro con spirito
Adagio
Vivace

2. Џовани Ботесини – Елегија бр.1 во D-dur

3. Џовани Ботесини – Концерт за контрабас бр.2 во h-moll
Allegro Moderato
Andante
Allegro

4. Сергеј Рахмањинов – Елегија оп.3 бр.1

5. Франц Шуберт – Серенада
Александра Чуруковска – контрабас
Филип Петрески – хармоника

Александра Чуруковска е родена 1995 година во Битола, Р. Македонија. Средното музичко образование го започнува и завршува (2010-2014) во ДМУ – Битола, во класата на проф. м-р
Никола Баљаревски. Понатамошното студирање го продолжува (2014) на ФМУ – Скопје во класата на проф. м-р Д-р Петруш Петрушевски, проф. м-р Велко Тодевски и дипломира (2018) во класата на проф. м-р Александар Поп-Христов. Во 2013 учествуваше во летниот музички камп за индивидуална настава, симфониски оркестри и камерни состави при менторите за контрабас проф. м-р Д-р Lawrence Hurst Archivest и проф. м-р Jack Budrow на школата Interlochen во Америка (Мичиген). Во 2016 и 2018 година со
особена чест настапува како солист со Македонската Филхармонија. Во 2017, 2018 и 2019 година беше дел од турнејата со младинскот симфониски оркестар – ESYO, под диригентска палка на Маестро Igor Coretti Kuret во Италија. Во 2018 и 2019 исто така беше дел од балкански симфониски оркестар – Филхармонија Пионер, во Бугарија (Пловдив и Варна). Од 2015 па се до денес е член од младинскиот камерен оркестар “Саша Николовски – Ѓумар” и во камерниот оркестар на Битола.
Како хонорарен соработник има настапувано со повеќе оркестри меѓу кои и Македонската опера и балет, Косовската Филхармонија, F.A.M.E.’S Project и Македонската Филхармонија каде што во 2019 стекна работен однос во групата на контрабас тути