Во рамките на Бит Фест се одржа новата рок симфонија на Камерен оркестар Битола, на 17.08.2017 во ЗМГ Пацио. Специјален гостин беше Влатко Стефановски, а настапија и: Михајло Трајковски-Сак, Жарко Јакимовски, Боби Мојсовски и Buttelion Classic Chorus. Публиката уживаше во нивната изведба на најголемите рок класици. Во овој албум ви ги презентираме моментите уловени од фотографот Димитар Петковски , чии фотографии ќе сведочат за незаборавниот концерт. Концертот е реализиран со поддршка на Општина Битола и НУ Центар за култура Битола.
